Доделена наградата „Никола Младенов“ за 2016 година
Македонскиот институт за медиуми традиционално по шеснаесетти пат денеска ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2016 година.
Добитници на првата награда се Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска-Созен за сторијата за смртта на Коста Крпач објавена во емисијата „КОД“ на телевизија „Телма.
Втората награда за најдобра истражувачка сторија за 2016 година ја доби Зоран Јовановски за сторијата „Пеплиште на смртта“ објавена во емисијата „360 степени“ на телевизија „Алсат-М“.
Третата награда ја доби Ирена Мулачка за серијалот текстови за зголемената смртност на новороденчињата објавена во неделникот „Фокус“.
Комисијата за избор на најдобра истражувачка сторија за 2016 година во состав Мирче Јовановски, Ведат Мемедалија, Гонце Јаковлевски, Зоран Ќука и Билјана Петковска, одлучи да им додели пофалници за исклучителниот новинарски израз и квалитетна обработка на сториите на Владо Апостолов и за истакнатиот новинарски ангажмани професионална обработка на Стојанка Митреска.
На годинашниот конкурс се пријавиле 39 автори со 69 стории обработени во 97 текста/прилози, објавени на интернет портали, телевизии и во неделници.
Наградата за најдобра истражувачка сторија се доделува од 2001 година, а од 2013-та го носи името на новинарот „Никола Младенов“.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка