-->
-->
Додека делови од Србија се борат со поплавите, овој дел од земјата е завеан со снег!
-->
Во планинските села кај Нова Варош без струја се околу 800 домаќинства поради снежно невреме кое вчера го зафатил овој дел од Србија
Отсечени се повеќе планински села а поради непроодни патишта немало настава во повеќе основни училишта.
Снегот кој паѓал пропратен е со силен дожд, скршени се над 50 дрвени, бетонски и метални столбови и бандери во нисконапонската електрична мрежа, а оштетен е далековод во Кокино Брдо кој напојува повеќе села со електрична енергија.
- Во планинските села има навеано околу 20 сантиметри влажен снег. Без струја е четвртина од територијата на општината а најтешка е ситуацијата во месните заедници Јасеново, Рутош и Драглица. Жиците на елекртоводите се скинати и паднати по селските патишта и дворови, па итно мора да се исклучат од напон за да не настрада некој. Ангажирана е целата расположлива механизација за да се исчистат планинските патишта, бидејќи до оштетените далеководи може единствено пеш - вели Иван Младеновиќ.
Излиени се многу планински потоци, а во селото Бистрица водата навлегла во неколку домаќинства. На повеќе места е појавено и лизгање на земјиштето но за среќа нема повредени.
- Надојдените реки и потоци срушиле повеќе дрвени пешачки мостови во Бистрица, Дражевиќ и Клак, а лизгањето на земјиштето во Трудово го повлекол и далеководот. Поради паднати дрва запрен е сообраќајот на повеќе локални патни насоки како и на регионалниот пат Кокин Брод - Љубиш, а чести се и одроните на патиштата па се советува внимателно возење - вели Мирољуб Шапониќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Делегација на Венецијанската комисија на разговори во Уставниот суд
-
Трамп: Ќе продолжам да се борам за мир во Украина
-
Вработен во Агенција за храна и ветеринарство не се појавувал на работа а примал плата, четворица надлежни го дозволиле тоа
-
ВМРО-ДПМНЕ предложи уште 16 кандидати за градоначалници
-
ЦУК: Пожарот на Кожуф ставен под контрола, 22 изгаснати изминатото деноноќие
-
Администрацијата на Трамп незаконски го запрела финансирањето на Харвард
-
Без струја Бањани и дел од Кисела Вода, а без вода потегот од Влада до Градски стадион
-
Во Лисабон се преврте стар трамвај кој бил туристичка атракција, има 15 загинати и 18 повредени