Додатокот за трето дете не се укинува, туку се трансформира

Правото на додаток за трето дете не се укинува, туку се трансформира во еднократна исплата за прво, второ и трето дете. Исто така, оние родители кои веќе го користат ова право ќе продолжат да го користат и во иднина, а идните родители на трето дете ќе можат да аплицираат за остварување на ова право до 10 месеци по донесувањето на новиот закон, појасни денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Таа додаде дека мерката трето дете е демографска, а не социјална мерка и оти сите анализи и истражувања покажале дека таа не ги дала посакуваните ефекти и не го зголемила наталитетот во Република Македонија. Пред 10 години, рече Царовска, тој изнесувал 13,3 отсто, а во 2016 – 11,1 отсто, така што издвоените средства од 2 милијарди и 600 милиони денари на годишно ниво не ги дале посакуваните резултати.
– Затоа го трансформираме како демографска политика која не ги дискриминира другите деца во однос на третото дете, туку велиме дека тој ќе важи за прво, второ и трето дете. Најважно за сите граѓани кои примаат додаток за трето дете е да се каже дека тој не се укинува и тие ќе продолжат да го остваруваат ова право како по претходниот закон, а ќе можат да го остварат правото и во наредните 10 месеци откако законот ќе биде донесен, затоа што можеби во меѓувреме зачнале или ќе зачнат во моменти на носење на законот, истакна Царовска.
Таа не смета дека на ваков начин граѓаните ќе бидат демотивирани да раѓаат трето дете.
– Нема родител кој раѓа заради сума од 8.000 денари. Денеска ако сте примател на социјална парична помош и право на трето дете сите други права ги губите, што значи дека ќе добивате повеќе со гарантиран приход доколку се семејства во социјален ризик. Но, ако сте семејство на пример кое има 200.000 денари месечно зар вам мотив бив и биле 8.000 денари, рече Царовска која присуствуваше на дебата во врска со законските решенија за социјална и детска заштита што се одржа на Институтот за социјална работа и социјална политика.
Ново на Сител
-

За еден ден преполовен бројот на прекршоци, „Безбеден град“ вчера регистрирал нови 50.652
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
-

Приведени четири украинки во полициска акција во тетовско, престојувале спротивно на целта
-

Возило изгоре после сообраќајка во близина на Кичево, тешко повредено 6-годишно девојче
-

Кривична за двајца струмичани, на сила одзеле 14.000 денари од 82-годишно лице
-

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК
