Добра вест од БЕГ: Повеќето корисници ќе добијат пониски сметки за парно
БЕГ - Снабдување со топлина на повеќе од половина од потрошувачите или 62 проценти, ќе им испрати пониски или еднакви порамнителни сметки со авансните, соопштуваат од компанијата.
Висината на порамнителните сметки, појаснуваат оттаму, е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот и секако од измереното количество на испорачана топлинска енергија до самиот објект.
- Иако изминатата грејна сезона траеше шест дена подолго од вообичаеното, сепак, повисоките просечни надворешни температури во текот на минатата зима ја намалија испораката на топлинска енергија во централниот систем за топлинска енергија во Скопје. Помалото количество на испорачана топлинска енегија до потрошувачите од прогнозираната ќе биде нивелирана во сметките за мај, јуни и јули, кога вообичаено се врши порамнување помеѓу прогнозираната и реално испорачаната топлинска енергија, наведуваат во соопштението.
Потрошувачите, во текот на целата година, во своите сметки добиваат податок за тоа колку енергија потрошиле, како и за износот на разликата меѓу потрошената и прогнозираната топлинска енергија. Ако при порамнувањето, велат од БЕГ, се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата се распределува на три еднакви рати и соодветно се фактурира во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерење на потрошената топлинска енергија, тогаш разликата ќе му биде вратена.
Ново на Сител
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае