Добра година за пчеларите од Пијанец
Пчеларите од Пијанец имаа добра година кога е во прашање квалитетот на медот од ова подрачје. Еден од пчеларите кои потврдија дека годината била добра е Славе Никовски од делчевското село Истевник, кој е меѓу првите пчелари во општината. Никовски се занимава со одгледување на над 200 пчелни семејства. Годинава, вели, била добра и за пчелите и за приносите на мед.
– Оваа година пчеларството кај мене се наоѓа во добра здравствена состојба и со добри приноси во однос на купувањето во одделни општини во Република Македонија. Пчелите се наоѓаат во атарот на село Нов Истевник. Со добри резултати имам принос до 25 килограми по пчелно семејство. Имам над 200 пчелни семејства што се во добра здравствена состојба, вели Никовски.
Додава дека за добрата состојба на пчелите, покрај поволните временски услови минатата година, придонесоа и надлежните институции, што се почесто им вршат уредна контрола за квалитетот на медот. Медот на големо му го земаат дистрибутери од Берово и Струмица, што според Никовски е конкурентен и за европскиот пазар.
– Медот го продавам во најголем дел за потребите на домашниот пазар. Медот е квалитетен што може да се потврди со самото тоа што во залиха не ми останува повеќе од десет килограми. Го купуваат Беровци и Струмичани по цена што наголемо се движи од 300 до 350 денари за килограм. Медот е докажано дека е чист и природен со извршена анализа од страна на ветеринарниот факултет во Скопје, додава Никовски.
Никовски е докажан пчелар од Пијанечко што е многу пати потврдено со наградите што ги добил преку учество на натпревари и саеми на домашни производи.
Ново на Сител
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето