Добил 50 марки во кладилница, цела ноќ и ја пуштал на жената „Где си била кад сам био нико“
Жителите на сараевската населба Мојмило го пријавиле соседот Р.Б. од чија куќа цела ноќ се слушала гласна музика.
Веднаш по доаѓањето на самото место, полицијата јасно и гласно слушнала како од неговата куќа ечи буквално една од најпознатите песни на Дејан Матиќ „Где си била кад сам био нико“, па заѕвониле, и го замолиле господинот да ја смали музиката и го прашале зошто толкава галама, а тој им одговорил дека на сопругата намерно и ја пушта таа песна, зошто освоил 50 конвертибилни марки во кладилница, зошто таа со месеци му трубела дека никогаш не добил ни марка од кладењето.
Жената е затекната во прилично чудна состојба, како гледа во ѕид, но била непоредена, а тој продолжил ја ја пее песната и додека полицајците биле во куќата, ама потивко се слушала од звучникот.
По предупредувањето, да не доаѓаат пак и да му пишуваат казна, полицајците заминале, а тој ја „рокнал“ по нив песната „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“.
Ново на Сител
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот