До темел изгоре куќа на старица од Крива Паланка
Домот на 80-годишната М.С. од Кривопаланечкото село Дурачка Река денеска изгоре до темел откако претпладнето во него избувнал пожар.
Пожарот го гаснеле петмина пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, со три возила. Сопственичката била кај роднини во соседството во моментот кога избувнал пожарот.
– Дојавата за пожар е примена пет минути пред десет часот претпладнево, а нашите екипи пристигнале во местото викано Метов, каде се наоѓа куќата, околу 10:20 часот. Интервенираа пет пожарникари со три возила, една цистерна и две теренски возила. Станува збор за непристапен терен, а пламените јазици многу брзо ја зафатиле целата куќа. Според очевидците, пожарот избувнал околу 9:20 часот, така што веќе еден час до нашето пристигнување куќата гореше. За среќа, немаше никој во неа, сопственичката била во соседството, а успеавме да спречиме пожарот да се доближи до двете блиски плевни и уште една куќа, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ – Крива Паланка.
Тој посочи дека настаната е голема материјална штета од околу два милиони денари, а жената е без покрив над главата.
– Пожарот е локализиран околу 11:30 минути часот, а целосно беше ликвидиран во 14:30 часот. Најверојатно причина за појава на пожарот е неисправна електрична инсталација, но за сигурно ќе се утврдува допрва, додаде Коцевски.
Ова е втор пожар од почетокот на месецот во Крива Паланка. Првиот се случил на втори јули, на отворено во селото Трново.
Коцевски апелира граѓаните во овој летен период да бидат крајно внимателни при движење во шума и на отворен простор, да ги почитуваат мерките за забрана на палење оган на отворено за да се зачува безбедноста на домовите и шумите.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор