-->
-->
До пладне излезноста на избирачките места во Хрватска е 18,09 отсто
-->
Во Хрватска денеска се одржуваат 10-ти парламентарни избори од стекнувањето независноста, а според Државната изборна комисија (ДИК) изутринава на гласање излегле 18,09 проценти од гласачите.
Имено, до пред пладне гласале 620 илјади гласачи, што е само околу 20 илјади помалку отколку на изборите во 2016 година, пренесува агенцијата Хина.
Пред помалку од четири години, во истито период на гласачките места излегоа 18,07 отсто од гласачите.
Новите податоци за излезноста на ДИК ќе бидат објавени во 17 часот.
На изборите учествуваат 192 избирачки листи, со 2.700 кандидати. Право на глас имаат 3,86 милиони избирачи, кои гласаат на околу 7.000 избирачки места во земјата и во странство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите