До крајот на годината пристигнуваат уште 27 лесни оклопни возила за Армијата
Набавката на лесните оклопни возила е еден од осумте клучни проекти за вооружување на Армијата, рече министерката за одбрана.
– Договорот е склучен минатата година, а оваа година веќе пристигнаа првите шест лесни оклопни возила. До 2028 година, треба да пристигнат 96 вакви возила, а до крајот на оваа година очекуваме да бидат испорачани уште нови 27 возила од ваков тип. Оклопните возила се веќе дел од арсеналот на Армијата и нашите војници веќе се обучуваат за нивно користење, истакна министерката Петровска во денешното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
– Одлуката за американска поддршка во висина од 40 милиони долари за македонската одбрана е приказ за стратешкото партнерство и сојузништво помеѓу Северна Македонија и САД. Оваа поддршка е за нас, но и за безбедноста на сите НАТО земји, зашто сите сме дел од колективната одбрана на Алијансата, рече Петровска.
Министерката за одбрана посочи дека Петровска нашата Армијата е секогаш подготвена да одговори на сите предизвици, додавајќи дека вежбата „Блесок 22“ која се реализираше во април годинава, и оценувањето на лесниот пешадиски баталјон кој беше сертифициран по НАТО стандарди се потврда за тоа.
– Оваа оценка која лесниот пешадиски баталјон ја доби ја отсликува реалната подготвеност на оваа единица, рече Петровска и посочи дека ова претставува најпрактичен пример како се демантираат сите лажни натписи и обвинувања дека нашата Армија е неподготвена и неопремена.
Ново на Сител
-
Вархеји: Меѓувладини конференции идниот месец со Србија и Албанија, можеби и со Македонија
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Од утре дел од образовните асистенти почнуваат со работа
-
Игротеките и училиштата ризик за ширење на заразни заболувања помеѓу децата
-
СДСМ: Мицкоски понуди платформа што самиот не ја почитува
-
ВМРО-ДПМНЕ повика ДКСК и ЈО да го проверат имотот на Филипче
-
ДЗС остана само со еден функционален „Ер трактор“
-
Не се знае кога ќе се делат ваучерите за инвертери