До ДИК доставени кандидатски листи од 15 коалиции и партии
До Државната изборна комисија до синоќа на полноќ кандидатски листи доставиле 15 коалиции и партии, најмногу од нив имаат доставено кандидатски листи за сите шест изборни единици, додека неколку и за гласањето во дијаспората.
Кандидатски листи за шесте изборни единици и за дијаспората доставиле коалицијата „Никогаш северна, секогаш Македонија“, ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија ИНТЕГРА и партијата Демократи.
За шесте изборни единици во земјава кандидатски листи до ДИК доставиле коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија.
ДПА доставила кандидатски листи за изборните единици 1, 2, 3, 5 и 6, а СДУ, ГДУ и Глас за Македонија за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. Твоја партија доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5.
Рокот за доставување на кандидатски листи за предвремените парламентарни избори на 12 април заврши ноќеска на полноќ.
По поднесувањето на кандидатските листи, ДИК проверува дали тие се доставени во предвидениот рок и дали се составени согласно Изборниот законик. Кандидатските листи што ќе бидат доставени по рокот ќе бидат отфрлени.
ДИК исто така проверува дали предложените кандидати ги исполнуваат условите пропишани во Уставот и во член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Овие институции се должни во рок од 24 часа електронски до ДИК да ги достават бараните податоци за кандидатите. Ова е новина за Комисијата, која е воведена со последните измени на Изборниот законик.
Доколку се констатира дека листите се во согласност со одредбите од Изборниот законик, тие се потврдуваат најдоцна 48 часа од приемот на бараната документација од институциите.
ДИК има пропишано и рокови за отстранување на евентуални неправилности или замена на кандидати доколку тоа е потребно.
Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март.
Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден