До 30 јуни поднесување барања за финансиска поддршка на земјоделски стопанства
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите земјоделски стопанства дека поднесувањето на барањата за финансиска поддршка во земјоделството е во тек и ќе трае до 30 јуни.
- Во овој период се поднесуваат барања за растително производство и тоа за: површини со поледелски и градинарски култури, одржување на лозови и овошни насади, како и производство на сертифициран семенски и саден материјал. За сточарското производство се поднесуваат барања за одгледување на: говеда, овци, кози, свињи, пчели, живина, информира Агенцијата.
Корисници на финансиската поддршка се земјоделски стопанства кои се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и ги исполуваат сите услови кои се пропишани во Законот за земјоделство и рурален развој, Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2016 година и Уредбата за директни плаќања за 2016 година.
- Првпат оваа година овозможивме барањата да се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите, со пристапување во системот преку веб-страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk со избор на делот „Директни плаќања е-барање“, соопшти Агенцијата.
Сите детали за мерките, утврдените критеруми, потребните документи, висината на финансиската поддршка и за начинот на поднесување на барањата по електронски пат се опишани во упатства за корисниците кои се достапни на македонски и на албански јазик во електронска форма на веб-страната на Агенцијата, како и во печатена форма.
За деталите во однос на електронското барање заинтересираните може да ги контактираат вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на телефонските броеви: 02/3097-489, 02/2445-805, 070/418-869 и 070/418-870, како и на електронската адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk или во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството каде што може да ги подигнат и бесплатните примероци од упатствата за корисници.
Ново на Сител
-
ССМ на протест за повисоки плати и подобри услови за работа
-
Трамп: Канадскиот премиер Карни ќе ги посети САД следната недела за склучување трговски договор
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 30 минути
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
ПССЕ го поздрави напредокот на земјава во исполнувањето на обврските кон Советот на Европа
-
Убиен пратеник во Кенија
-
Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали
-
Сончево и топло до 28 степени