До 30 јуни бесплатно приклучување на парно греење
До 30 јуни годинава, „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“ повторно нуди можност за бесплатно приклучување на системот за централното греење.
Акцијата, како што соопшти компанијата, ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“, а ќе важи за сите заинтересираните потрошувачи кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за толинска енергија.
За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што поскоро, најдоцна до 30-ти јуни, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од наплатните центри на „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“. За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ, на телефонскиот број 02/3076-200.
Поволностите од оваа акција важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на потрошувачите. Секоја дополнителна интевренција во мрежата и инсталацијата во објектот на корисниците ќе се наплатува согласно ценовникот на БЕГ. По завршување на акцијата, односно од 1-ви јули, приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.
Балкан Енерџи за заинтересираните граѓани на веб – страницата www.beg-snabduvanje.com.mk има поставено калкулатор за потрoшувачка на топлинска енергија.
Ново на Сител
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош
-
Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир
-
19-годишен прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин - уапсен на Табановце
-
Две лица повредени во тешка сообраќајка во Скопје