До 24 март нема да работат училиштата, градинките и факултетите
До 24 марти сите образовни институции, вклучувајќи го основните и средни училишта, факултети и градинки ќе бидат затворени, за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Владата на Република Северна Македонија на 15-та Седница ја разгледа информацијата на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот, по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, меѓу другите ги донесе и следните заклучоци, мерки и препораки:
– Да се прекине со воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центри за ран детски развој, дневни центри, основни и средни училишта на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.
– Да се прекине со посета на сите воннаставни активности и други приватни активности кои децата ги извршуваат вон наставата (посета на воспитно-образовни активности, курсеви, дополнителни часови, спортски тренинзи и слично) во наредните 14 дена.
– Се задолжува Министерство за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, согласно одредбите од Законот за основното образование и Законот за средното образование, да ја организираат наставата согласно законските прописи за деновите кои нема да се работат.
– Да се препорача избегнување на патување во земји кои се од висок и среден ризик, согласно листата од Светската здравствена организација.
– Физичките и правните лица што не ги почитуваат и кои ги прекршуват препораките да бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.
– Да се забрани организиран меѓународен автобуски превоз (автобус, комбе, минибус и сл.) кон високо ризичните земји, како и од тие земји кон Република Северна Македонија.
– Целосно да се почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство.
Исто така, Министерството за образование и наука ги извести училиштата дека во наредниот период ќе добијат насоки за натамошна реализација на воспитно-образовниот процес во училиштата.
Министерството за образование и наука повторно АПЕЛИРА континуирано да се следат насоките и препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата на Република на Северна Македонија.
Интегрално соопштение: Министерство за образование и наука
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро