-->
-->
До 2036 година цивилната авијација ќе има потреба од над 600.000 пилоти
-->
Растот на воздушниот сообраќај ќе ги принуди авиопревозниците во светот да вработат повеќе од 600.000 пилоти до 2036 година, што ќе биде предизвик со оглед на стареењето на населението, изјави претставник на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО).- Бројот на патнички летови и патници се удвојува на секои 15 години, но работната сила во секторот се намалува, изјави генералната секретарка на Организацијата, Фанг Лиу, говорејќи пред Советот за меѓународни односи во Монтреал.
Таа истакна дека предизвикот за пронаоѓање соодветни кадри произлегува од неизбежното стареење на населението, намалувањето на стапката на наталитет, но и од тоа што идните таленти се привлечени од високотехнолошките сектори.
- Сето тоа значи дека цивилното воздухопловство треба да вложи повеќе напори за привлекување и задржување на квалификуваните работници што им требаат во наредните децении, предупреди Лиу.
ИЦАО, агенција на ОН, оценува дека до 2036 ќе бидат потребни најмалку 620.000 пилоти за да управуваат со авиони со 100 или повеќе седишта.
- Допрва претстои обука на дури 80 отсто од тие идни авијатичари, изјави Фанг Лиу.
Растот на воздушниот транспорт се објаснува со порастот на туризмот, но исто така и со онлајн трговијата, каде 90 проценти од пратките се пренесуваат преку воздух, за разлика од 16 проценти во 2010 година. Повеќе од 4,1 милијарди луѓе патуваат секоја година и една третина од размената на стоки во светот исто така се транспортира по воздух.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
-

Спасувачка акција во морскиот дел кај грчкиот остров Икарија за четворица исчезнати мигранти
-

ЕП: Почитувањето на демократијата, владеењето на правото и дијалогот се од суштинско значење за европската иднина на Србија
-

„Ер Франс“ привремено ги откажа летовите до Дубаи поради ситуацијата на Блискиот Исток
-

Божиновска: Жените се неискористениот интелектуален мотор на енергетиката
-

МВР утре во Куманово и Тетово ќе ги тестира камерите за проектот „Безбеден град“
