Македонија
15. October 2017 - 18:00

До 17 часот во Крива Паланка 65,7 отсто излезеност, во Ранковце 71,3

Излезеноста на гласачите во општина Крива Паланка до 17 часот изнесува 67,5 отсто.

- До 17 часот на подрачјето на општина Крива Паланка на вкупно 47 избирачки места гласале 67,5 отсто од вкупниот број регистрирани гласачи, информира Душко Арсовски претседател на општинска изборна комисија Крива Паланка.

Право на глас имаат вкупно 17.144 граѓани.

Во Ранковце до седумнаесет часот  гласале 71,3 отсто.

- Излезеноста до 17 часот изнесува 71,3 отсто. На 17-те избирачки места гласаат 3.094 гласачи, изјави претседателот на ОИК Ранковце, Даниел Крстевски.