Македонија
30. September 2018 - 13:03

До 11 часот во Куманово гласале 8,12 отсто, во Липково 11,7 отсто, Старо Нагоричане 3,6 отсто

До 11 часот во Куманово излезеноста е 8,12 проценти,  информираше претседателот на Општинската изборна комисија Куманово, Звонимир Николовски.

На референдумот право на глас имаат 92.560 гласачи кои гласаат 167 избирачки места. 

- Во Липково излезеноста е 11,74 проценти, информираше Лирим Јашари од ОИК.

Право на глас на референдумот во оваа општина имаат 25.200 лица кои гласаат на 36 избирачки места.

Во општина Старо Нагоричане, излезноста до 11 часот е 3,69 проценти според ДИК. Во оваа општина право на глас за референдумот имаат 3.363 гласачи, а гласаат на 38 избирачки места.