До 11 часот излезеноста на изборите во Албанија 12 отсто

Портпаролката на Централната изборна комисија Дрилона Хоџај на првата прес конфренција соопшти дека до 11:00 часот одѕивот на гласачите е 12 отсто.
Таа ги повика граѓаните да го остварат нивното граѓанско право, зашто, како што рече изборите во демократија може и треба да прозлезат единствено од дадениот глас и додаде дека процентот на излезност на гласањето е бројка која се очекува да се менува од момент на момент.
Централната изборна комисија ја информира јавноста дека сите избирачки места се отворени низ целата земја, со исклучок на 7 во Пострибе, регионот на Скадар, додека во 53 гласачки места во Вау те Дејес, гласањето започнало со доцнење и истото сега се одвива нормално.
Во еднствениот избрачки список запишани се 3.464.328 лица со право на глас,но поради масовната миграција реалната бројка е многу помала.
Инаку, изборниот процес го набљудуваат 150 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, 20 набљудувачи од амерканската амбасада и по четворца од италијанската и британската амбасада.
На гласачко место во Тирана беше и амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Луиџи Сореца. – Тука сум за да го набљудувам процесот на гласање и тоа е мојата улога.
Утре ќе ги чекаме извештаите, рече Сореца. На новинарско прашање дали во вакви околности би гласал во неговата земја, Италија, тој одби да одговори.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
