До 10 декември најголем дел од домаќинствата ќе имаат евтина дневна тарифа на струјата
Евтината дневна тарифа на електричната енергија започнува со примена од 1 декември во периодот од 13 до 15 часот и во првите 10 дена од декември најголем дел од потрошувачите, односно најголем дел од домаќинствата ќе имаат пристап на евтината тарифа, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
-Тарифниот систем за евтината дневна тарифа е донесен уште во јуни, објавен е во „Службен весник“, нема никакви измени и сето тоа ќе стартува и ќе си функционира беспрекорно. Значи, нема никакви проблеми. Евтината тарифа ќе биде воведена и тоа ќе биде одлична вест за граѓаните, особено за пензионерите коишто во изминатиот период кажаа јасно и гласно дека таа многу им помага во нивниот стандард и од тоа нема отстапки, рече Бислимоски во одговор на прашање пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Фајнанс тинк.
Нагласи дека потрошувачите треба да и веруваат на РКЕ.
-Ние не бегаме, со секој којшто сака да разговара на оваа тема ќе разговараме, ќе се убедуваме, ќе се докажуваме, но многу пати досега докажавме дека тоа што сме го кажале тоа и се реализирало. Како ќе биде во наредниот период не зависи само од РКЕ, зависи од многу други чинители. Што може да преземе РКЕ како во случајот со парното ќе преземе за да не дозволиме ценовни шокови за потрошувачите во државата, потенцира Бислимоски.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
