ДНК-анализа: Хитлер имал генетски нарушувања што влијаеле на неговите гениталии

Адолф Хитлер имал досега неоткриено генетско нарушување коешто влијаело на развојот на неговите гениталии, открива нова анализа на неговата ДНК. Наодите ќе бидат образложени во документарец под наслов „ДНК-та на Хитлер“, каде што, исто така, се побива митот дека Хитлер имал еврејско потекло и сe посочува оти веројатно имал едно или повеќе невродивергентни и ментални нарушувања, објави „Гардијан“.
Според наводите, германскиот нацистички диктатор имал Калманов синдром. Тоа влијае на нормалниот тек на пубертетот, развојот на полните органи, и сѐ тоа говори дека можеби имал тешкотии во сексуалните врски.
Научниците, инаку, извлекле ДНК-профил од крвава ткаенина што полковник на Американската армија ја исекол од софата каде што Хитлер извршил самоубиство во 1945 година. Иако истражувањето и неговите резултати веројатно ќе бидат контроверзни, почитуваната генетичарка Тури Кинг првично не сакала да ги преземе испитувањата, и сакала да се увери дека ќе бидат направени правилно и професионално.
– Се мачев со тоа. Но, еден ден, тоа требаше да се направи и сакавме да се осигураме дека е направено на многу внимателен и ригорозен начин. Исто така, ако не го бевме направиле тоа, ќе го стававме на пиедестал. Ако ги погледнеше сопствените генетски резултати, речиси сигурно ќе се пратеше себеси во гасна комора, додаде проф. Кинг, по малку на шега.
Професорката, инаку, е позната по тоа што ги идентификувала останките на Ричард Трети од Англија.
Приказните од Првата светска војна посочуваат дека Хитлер бил малтретиран поради големината на неговите гениталии. Споменатото генетско нарушување му дава шанси – една од 10, тој да имал тн. микропенис.
Медицински преглед од 1923, инаку откриен 2015 година, покажал дека Хитлер имал неспуштен тестис, давајќи изненадувачка поткрепа на една зачувана потсмешлива воена песна за него. Алекс Џ. Кеј, историчар на Универзитетот во Потсдам, Германија, специјализиран за нацистичка Германија, во документарецот рече дека ова би можело да помогне во објаснувањето на неговата необична, целосна посветеност на политиката во текот на целиот свој живот, без повеќе жени, каква што навика имале други високо рангирани нацисти.
Не е исклучена ниту можноста дека Хитлер имал аутизам, шизофренија и / или биполарно растројство, иако не е познато какви симптоми имал, смета д-р Алекс Компанидис, истражувач за аутизам на Универзитетот во Кембриџ.
– Мислам дека е фер да се каже дека биологијата не му помогнала во животот. Не може точно да знаеме, не можеме да дијагностицираме. Когнитивниот процес веројатно бил засегнат, но кога го велам тоа, подеднакво ги користам неговото однесување и генетиката, вели научникот.
ДНК-наодите, исто така, ги отфрлија долгогодишните гласини дека Хитлер имал еврејско потекло и дека наводно имал дедо Евреин.
Ново на Сител
-

Бројот на жртви во уривањето на зграда во Триполи се искачи на 13
-

Лавров: НАТО, ЕУ и ОБСЕ стануваат застарени организации
-

Откриена нова крвна група - решена мистерија стара повеќе од педесет години
-

ФСБ тврди дека зад атентатот врз генералот во Москва стојат украинската и полската разузнавачка служба
-

Зошто сите сакаат на Месечината и кој води во новата вселенска трка
-

Изминатата седмица санкционирани 101 непрописно паркирано возило во Центар
-

ЦИК на БиХ: Синиша Каран е нов претседател на Република Српска
-

Најладно утрово на Попова Шапка и во Демир Капија со - 3, најтопло во Гевгелија со 6 степени
