"Дневник" со детали за убиството на Идризи - убиецот давал знаци на живот откако си пукал во главата
Абизи Ќани (53) од селото Боговиње, кој во саботата претпладне со шест куршуми од пиштол го уби Хазби Идризи (58), градоначалник на Општина Боговиње, а потоа се самоуби пукајќи си во слепоочницата, бил отпуштен од работа поради малверзации што ги направил како вработен во службата за урбанизам и градежништво во Општината Боговиње. Неофицијално дознаваме дека тој бил следен од полицијата и како сторител на кривичните дела од економскиот криминал меѓу кои и лихварство и кражба и уништување на артефакти поради што полицијата неодамна извршила претрес во неговиот дом, пишува ДНЕВНИК.
Убиството се случи во саботата околу 10. 40 часот во угостителски објект во близина на Општината. Убиецот го паркирал автомобилот наспроти угостителскиот објект во кој на една од масите седел сам градоначалникот Идризи. Абизи му се доближил и започнал расправија обвинувајќи го дека го оставил без финансии бидејќи го избркал од работа. Потоа Абизи извадил пиштол и испукал шест куршуми во градоначалникот. По убиството убиецот мирно излегол од угостителскиот објект, влегол во автомобилот и заминал дома. По само десет минути откако го убил градоначалникот, убиецот влегол во една од собите во неговата куќа и од истиот пиштол си испукал еден куршум во десната слепоочница.
По крвавиот инцидент градоначалникот бил однесен во Kлиничката болница во Тетово но, лекарите констатирале смрт.
Убиецот, откако си пукал во главата, се уште давал знаци на живот. Со возило на итна помош тој бил однесен во тетовската болница од каде бил донесен во Ургентниот центар во Скопје каде што починал два часа подоцна.
– Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од секторот за внатрешни работи Тетово. За сите понатамошни мерки по завршување на увидот насоки ќе бидат дадени од надлежниот јавен обвинител – велат од МВР.
Тетовци велат дека убиецот и градоначалникот освен што заедно работеле во Општината, биле и пријатели. Абизи, за тие што го познавале, во последно време бил многу повлечен и чудно се однесувал. Нетрпеливоста кон градоначалникот започнала неодамна кога Абизи добил отказ од работното место, откако до градоначлникот Идризи стасале жалби од жители кои се жалеле дека Абизи им барал и им земал пари за услугите.
Неофицијално, Абизи во моментов водел правна битка бидејќи сметал дека незаконски бил отпуштен од работа.
Надлежниот јавен обвинител од тетовското обвинителство информира дека била издадена наредба за обдукција на починатите, наредба за собирање на траги и доказен материјал од местото на настанот, како и наредби за криминалистичко -техничко вештачење.
Според полициските информации, пиштолот со кој убиецот го убил градоначалникот па се самоубил го поседувал без дозвола.
ДУИ ги бара мотивите
Партијата ДУИ, чиј член беше градоначалникот на Боговиње, Хазби Идризи, го осуди убиството и ги повика институции да ги откријат мотивите. Ова беше трет мандат на Идризи на чело на општината Боговиње.
Со осуда за убиството излезе и Заедницата на единиците за локална самоуправа (ЗЕЛС), според која, градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, бил долгогодишен член на Заедницата и активен учесник во нејзиното јакнење и унапредување.
– Градоначалниците, општинските советници и сите вработени во локалната власт во земјава се длабоко потресени од овој немил и неочекуван настан, особено што е извршен врз личност со високи морални вредности и голема професионална одговорност. Станува збор за еден од најуспешните градоначалници, кој беше целосно посветен на развојот на децентрализацијата на власта и развивањето на демократските процеси во земјава – стои во соопштението од ЗЕЛС.
Ново на Сител
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети
-
Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра
-
Пред куќата на убиствата во Прилеп полицијата имала престрелка со убиецот
-
Лишени од слобода возачи во Тетово и Гостивар, управувале возила под дејство на алкохол