Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.059.369 лица. Од нив починале 277.973, а оздравеле 1.415,259 луѓе.
– Во Хрватска во последните 24 часа потврдени се 15 нови случаи на заразени со Ковид-19, со што вкупниот број заразени изнесува 2.176. Во текот на изминатите денови се појавија две нови жаришта – на островот Брач, каде се заразени 22 лица и на подрачјето на Бродско-посавската жупанија, каде се заразени петмина работници кои неодамна се вратиле од Шведска. Локалните штабови известуваат за два нови смртни случаи на подрачјето на Шибеник и еден во Вировитица.
Министерот за здравство Вили Берош, на редовната прес-конференција, објави дека вкупно 1.726 лица се излекувани. Шефот на националниот штаб и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ рече дека денеска ќе стапат на сила две нови решенија за заштита.
– Во Велика Британија во последните 24 часа како последица на новиот коронавирус починале 346 лица, со што вкупниот број достигна 31.587, изјави министерот за сообраќај Грент Шапс. Тој рече дека Владата не ја исполнила целта од 100.000 тестови на дневно ниво, бидејќи во последното деноноќие се земени 96.878 брисеви, а претходниот ден 97.029.
– Бројот на заразени со вирусот Ковид-19 во Израел достигна 16.444, а излекувани се 11.313 лица, соопшти Министерството за здравство. Досега, 245 лица починале како последица на вирусот.
Израелската влада одобри повеќе чекори за олеснување на рестриктивните мерки, вклучително и дозволување групна молитва, делумно заживување на економијата и отворање продавници, но и парични казни за лица кои не носат заштитни маски во јавност.
Сеул – Сеул затвори повеќе од 2.100 ноќни клубови откако вирусот е потврден кај десетина случаи кои биле во контакт со лица кои минатиот викенд престојувале во вакви објекти. Поради тоа градоначалникот Парк Вон-Сун привремено ги затвори ноќните клубови и рече дека оваа забрана ќе биде на сила се додека не опадне ризикот од заразата.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
