Свет
9. јуни 2020 - 19:10

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со коронавирусот досега се заразени 7.258,696 лица. Од нив починале 410.837, а оздравеле 3.571,720 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран еден смртен случај и девет нови позитивни случаи. Од почетокот на епидемијата заразени се 3.058 лица, а починаа 183 лица.

– Министерството за здравство на Кипар денеска соопшти дека во земјата не е регистрирани ниту еден нов позитивен случај на Ковид-19 од направени 422 тестови. Бројот на заразени остана ист, 970 лица.

Тирана – Во Албанија потврдени се 36 новозаразени со Ковид-19, што е најголема бројка на новодијагностицирани во едно деноноќие од почетокот на пандемијата. Од новозаразените, дури 27 се во Тирана. Според епидемиолозите, тоа е последица на масовните собирања, како и непочитувањето на препораките за одржување физичка дистанца и носење заштитна маска. Со денеска соопштените податоци, вкупната бројка на заразени до сега изнесува 1.299, од нив излекувани се 960, починале 34, се уште активни случаи се 305. Болнички се лекуваат 41 пациент, од нив шестмина се на интензивна нега, додека двајца на респираторна машина.

– Во БиХ се регистрирани 23 нови случаи на коронавирус, кои го зголемија вкупниот број заразени на 2.720. Од почетокот на епидемијата во БиХ починаа 160 луѓе

– Веројатноста за брзо закрепнување на Финска од економската криза предизвикана од коронавирусот е мала, но најлошите сценарија засега се избегнати, изјави денеска гувернерот на Банката на Финска, Оли Рен.

– Во изминатите 24 часа, во Австрија е регистрирано ново зголемување на бројот на пациенти со коронавирус во болниците. Во изминатите 24 часа, бројот на новозаразени се зголеми за само 12, но во исто време бројот на хоспитализирани се зголеми на 84, од кои 19 се на интензивна нега. Од почетокот на епидемијата во Австрија, вкупно 16.891 луѓе се заразени со вирусот, а 15.875 се излечени. Бројот на починати не се менува со денови – 672.

– Премиерот на Шкотска, Никола Старџен изјави денеска дека во таа земја има уште седум смртни случаи на коронавирус во последните 24 часа. Таа изјави дека се регистрирани 14 нови случаи, со што се зголеми бројот на пациенти на 15.653.

– Според последниот извештај за состојбата со пандемијата во Косовo, од вчерашните 230 тестирања, како позитивни на новиот коронавирус се потврдени 29 нови случаи. Вчера се забележани 22 новоизлекувани од болеста и ниту еден починат. Според овие официјални статистики, во Косово досега се регистрирани 1.263 случаи на заразени, од кои 912 излекувани и 31 починат, така што активни носители на вирусот се 320 лица. Вкупно тестирани досега се 16.905 лица.