ДКСК: Законите важат подеднакво за сите

ДКСК чувствува обврска да ја информира јавноста за точните факти и да ја заштити својата позиција како независна и транспарентна институција во борбата против корупцијата.
Како што е утврдено со закон, ДКСК има обврска да спроведува превенција и спречување на можни злоупотреби на службената положба, судир на интереси и незаконско постапување. Во текот на спроведувањето на своите надлежности, ДКСК не ги оценува личните ставови или политичките интереси на засегнатите лица, туку исклучиво се води од факти и законски утврдени обврски.
Секој е должен да го почитува Законот за спречување на корупција и судир на интереси, вклучувајќи ги и правосудните органи. ДКСК како самостојна и независна институција има законска надлежност и обврска да се грижи за доследно почитување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и нема да отстапи од својата мисија и цел. Констатирана повреда на законот со одлука на ДКСК, во никој случај не претставува мешање во било која власт, бидејќи законите важат подеднакво за сите. Дејствијата и одлуките кои се во спротивност со Законот за спречување на корупција и судир на интереси создаваат ризици од корупција и судир на интереси и не смеат да опстојуваат како такви во правниот промет.
Државната комисија (по пат на ова соопштение) го реафирмира својот став изразен во Одлуката бр. 09-2838/12 донесена на седницата одржана на ден 08.11.2024 година, дека Одлуките на Судскиот совет на РСМ и Советот на јавните обвинители на РСМ за назначување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители не се во согласност со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и со Законот за академијата за судии и јавни обвинители. Имено, пропишаната забрана за вршење на други дејности и членување во управни и надзорни одбори за време на вршење на функцијата важи и во конкретниот случај. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители кои се од редот на обвинителите и судиите се избрани да ја вршат функцијата член на совет професионално и за времетраењето на нивниот мандат како членови на советот не ја извршуваат функцијата судија, односно јавен обвинител, туку истата им мирува. Истовремено, со членот 9 од Законот за академијата за судии и јавни обвинители е јасно пропишано дека советите назначуваат по двајца членови од редот на судиите, односно од редот на јавните обвинители, а не од сопствените редови.
ДКСК изразува благодарност до сите институции кои ја следат работата на ДКСК и покажуваат подготвеност за соработка и ги почитуваат укажувањата и препораките од ДКСК и на тој начин даваат придонес кон остварување на заедничката цел – спречување на корупцијата во општеството.
ДКСК останува посветена на својата мисија и уверува дека секоја преземена активност е со целосна одговорност, транспарентност и во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија.
Со почит,
ДИК
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
