ДКСК: За 5 години пратениците потрошиле речиси 3 милиони евра за патни трошоци

На денешната седница комисијата за спречување корупција го презентираше извештајот од анализата на патните трошоци на пратениците во периодот од 2015 до 2019 година.
Иако во последните години се бележи пад на трошоците кои пратениците ги потрошиле за да дојдат на работа, сепак вкупниот трошок во последните 5 години е речиси 3 милиони евра.
Според извештајот во овој период е утврдено дека 23 пратеници иако поседувале сопствен стан сепак користеле и трошоци за превоз.
"Според закон пратениците имаат право на користење на бесплатен превоз со воз, но оваа можност не ја користи ниту еден пратеник" посочи Катица Николовска, член на ДКСК.
Комисијата препорачува сериозни законски измени за да се намалат енормните буџетски средства кои се користат за оваа намена. Неопходно е натамошно регулирање според можностите на државата и да се утврдат прецизни критериуми според јасна методологија.
Ново на Сител
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот