ДКСК констатира кумулација на функции кај две лица
Државната комисија за спречување на корупцијата констатира состојба на судир на интереси кај лицата Никола Зафиров и Осман Мислими поради кумулација на функции. Комисијата од нив побарала да се откажат од функциите кои предизвикуваат судир на интереси, но поради тоа што тие не го направиле тоа, ДКСК им изрекла мерка јавна опомена.
Како што соопшти ДКСК, Никола Зафиров истовремено со функцијата член на орган за надзор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Неготино ја извршува и функцијата член на Управен одбор во ЈП Комуналец Неготино.
Осман Мислими, пак, истовремено извршува три функции и тоа: член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за државни патишта, член на Надзорен одбор на Агенција за катастар на недвижности и член на Надзорен одбор во АД „Славија“ увоз-извоз, Скопје.
- Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведените службени лица со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажат од извршување на една од двете, односно две од трите функции, кои истовремено ги извршуваат со што ќе ја спречат состојбата на судир на интереси во која се наоѓаат, се вели во соопштението.
Во него се додава дека Зафиров и Мислими не постапиле по барањето на Државната комисија, поради што Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на овие лица да им изрече мерка јавна опомена.
Од Комисијата потенцираат дека согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.
Ново на Сител
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка