Македонија
13. October 2023 - 12:28

ДКСК бара разрешување и кривична за директорот на инспекторатот за градежништво

Антикорупциската комисија бара кривична одоговрност и разрешување на Директорот на Државниот инспекторат за градежништво Фатмир Арифи.

Проверката на неговиот анкетен лист открила дека тој сокрил два стана и еден автмобил. За непријавениот имот платил глоба од 150 евра, ама антикорупционерите продолжиле да истражуваат како Арифи ги стекнал парите. Го викнале и на распит, но тој не успеал да докаже дека со неговите приходи ги купил непријавените станови па сега Државната комисија за спречување корупција обвинителството да го гони за незаконско стекнување имот. Ќе ја информира и владата од каде ќе бара разрешување на Директорот на инспекторатот за градежништво, Арифи.