Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји

Војната со Иран, која започна на 28 февруари 2026 година, предизвика силен потрес на глобалниот пазар на нафта, при што најновите податоци покажуваат драматични разлики во растот на цените на дизелот niz светот.
Според анализата на сервисот „Инвестор Сајт“, најголем удар претрпеле азиските земји.
Филипините бележат најголемо поскапување од 81,6 проценти, по што следи Нигерија со 78,3 проценти. Во Малезија цената на дизелот пораснала за 57,9 проценти, додека во Австралија за 52,1 процент.
Украина се наоѓа на десеттото место со раст од 33,9 проценти, што е повеќе отколку во водечките европски економии. Во Германија е регистриран раст од 30,9 проценти, а во Франција 27,8 проценти.
Во САД цената на дизелот пораснала за 41,2 проценти, додека во Кина за 25,4 проценти.
Додека голем дел од светот се соочува со високи цени, одредени земји остануваат релативно стабилни. Индија и Саудиска Арабија не бележат промена (0,0 проценти), додека Русија има минимален раст од 0,5 проценти.
Земјите од Персискиот Залив, како Катар и Обединетите Арапски Емирати, имаат умерен раст од околу 7,9 проценти.
Експертите посочуваат дека цените се ажурираат неделно, но дека тековниот тренд покажува оти енергетската стабилност и географската близина до ресурсите се клучни фактори за справување со кризата, која е дополнително влошена поради ограничувањата на протокот на нафта низ Ормуската Теснина.
МИА
Ново на Сител
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
