Дизелот поевтинува за 4,5 денари, а цената на бензините се зголемува за денар по литар

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторнате комисија за енергетика, водни услуги и услуги за
управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 отсто.
Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 100 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 102, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 100 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3 денари по литар и ќе изнесува 111,5 денари, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,196 денари за килограм и ќе биде 49,882 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,049 отсто, кај дизелот има намалување за 6,734 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 4,936 отсто, а кај мазутот за околу 1,630 отсто. Курсот на денарот е за околу 0,9522 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
Владата денеска донесе одлука со која до 12 октомври е продолжено важењето на одлуката за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто за дизел горивото. Во новата цена на горивата е вкалкулирано и намалувањето на акцизата за дизелот и за бензините.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски до лидерите во ЕУ: „Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година, Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“
-

Клековски: Треба да ги има сите лекови за онколошките пациенти, повеќекратно е зголемен буџетот на Онкологија
-

„Аушвиц, Аушвиц“ и „Стани, Адолфе“: Скандалозни скандирања на навивачите на Хајдук
-

Мартинез му се извини на раководството на Манчестер јунајтед
-

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем
-

Кејн останува во Баерн до 2029
-

Алкараз прв пат по петгодишна пауза ќе игра во Виена
-

Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025
