Дива свиња во Куманово, животното е еутанизирано, земени мостри за испитување
Дива свиња која трчала по неколку улици во Куманово утрово ги вознемири граѓаните. Животното, кое прво било видено на улицата „Никола Тесла“, а подоцна и кај градскиот стадион, но и во други делови од централното градско подрачје, е заловено и еутанизирано. Случајот во СВР Куманово бил пријавен во 3:30 часот, потврди МВР.
Очевидци раскажаа дека животното панично трчало во тој дел од градот. Кумановци не го криеја изненадувањето како диво животно се нашло во урбана средина.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство го потврија случајот и велат дека се преземени сите мерки.
Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство издал решение за нештетно отстранување (закопување во јама гробница), на труп од дива свиња, која утрово е еутаназирана во сточарскиот ветеринарен центар „Тодор Велков” во Куманово.
-Станува збор за единка, за чие присуство во градот Куманово, во раните утрински часови било алармирано од страна на граѓани, а во чие заловување биле вклучени официјални ветеринари, припадници на Министерството за внатрешни работи и од ветеринарната станица „Тодор Велков”, се вели во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.
При еутаназирањето на дивата свиња од страна на официјален ветеринар на Агенцијата, исполнети се барањата од законите за здравствена заштита и благосостојбата на животните. Земени се мостри за лабораториско испитување и детектирање на евентуално присуство на вирусот на класична и африканска свинска чума.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ