Дискусија за литературните жанрови на фестивалот „Букстар“
На Фестивалот на европската книжевност „Букстар“ (BookStar) вечер од 20 часот во Кино Култура ќе се одржи книжевна маса на тема „Ограничувањата и предностите на жанровската литература“. Ќе учествуваат Елизабета Шелева, Влада Урошевиќ и Калина Малеска, како и авторот-гостин од Шведска Хокан Несер.
Организаторот на фестивалот, издавачката куќа „Антолог“, соопшти дека ќе бидат отворени повеќе прашања, на пр. како одредена литература што припаѓа на строго одреден жанр станува литература што ги надминува капацитетите и можностите на жанрот; дали жанрот ограничува или дава слобода; може ли да се зборува за жанрови во денешната ситуација со литературната сцена итн.
По оваа дискусија, со почеток во 21 часот ќе бидат прикажани филмовите „Четврток“, „Пред дождот“, „Крајот на времето“ и најава на новиот филм „Бикини мун“ на режисерот Милчо Манчевски.
„Антолог“ информира дека утре во нивната книжарница (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31) во 11 часот ќе биде организирана средба со шведскиот автор Хокан Несер, а вечерта од 20 часот во Клуб ресторанот МКЦ ќе биде промовиран неговиот трилер-роман „Во окото на свеста“.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана