Македонија
14. December 2017 - 9:00

Дискусии за социјалните проблеми и здравствениот систем

Finance Think - Институтот за економско истражување и политики поттикнат од реалните социјални проблеми на висока стапка на сиромаштија, висока невработеност и низок квалитет на здравствени услуги, а притоа сериозни потреби и притисоци за поголеми инвестиции во здравството, направи две истражувања за реформата минимален гарантиран доход и за системот на универзална здравствена опфатност и притоа организира две тркалезни маси.

На првата тркалезна маса „Иновации за сеопфатна социјална заштита: социјална помош, минимална плата, достоинствен приход“ ќе се бараат одговори зошто социјалните трансфери ја ублажуваат сиромаштијата само за 3 процентни поени, дали недостатоците се во ефикасноста на системот или краткорочните решенија, може ли социјалните иновации да бидат одговор, како и кои се првите ефекти од воведувањето на минималната плата.

На тркалезната маса „Здравството меѓу фискалните притисоци за поголеми инвестиции и потребата за подобро здравје на граѓаните” ќе се дискутира за тоа како да се зголеми ефективноста и квалитетот на јавните здравствени услуги, како и дали моменталниот начин на финансирање може да обезбеди одржливост на јавните здравствени услуги.