Дискусии за Националната галерија на Македонија во пресрет на нејзиниот јубилеј

Во пресрет на 70-годишниот јубилеј од основањето на Уметничката галерија/Национална галерија на Македонија, кој ќе се одбележува во 2018, ќе бидат организирани две дискусии во галеријата Даут-пашин амам - утре и на 12 декември од 19 часот.
Како што најави НГМ, дискусиите ќе постават прашања за значењето на уметничката колекција, односот помеѓу традицијата и современоста, како го вреднуваме квалитетот и според кои критериуми е тој разгледуван во изминатите 70 години...
- Двата настана се конципирани во форма на видео интервјуа водени врз основа на прашања кои понатаму се поставуваат како основи за разговори, коментари и анализи меѓу учесниците и публиката во форма на јавна дискусија. Идејата е преку претходно снимени интервјуа кои се поставени на интернет и достапни за сите, да се направи дискусија. Тоа подразбира дека по одредена временска дистанца која би дозволила внимателно и потемелно разгледување на видеата т.е. на искуствата и размислувањата на поканетите гости да се отвори дебата за публиката, соопшти НГМ.
На првата дискусија утревечер ќе учествуваат поранешни директори на оваа институција, како и актуелната директорка Дита Старова-Ќерими.
На втората дискусија, закажана за 12 декември ќе учествуваат повеќе историчари на уметноста, уметници, теоретичари и куратори.
Ново на Сител
-

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска
-

И во Кочани протест со палење гуми поради одземање на возила од полиција
-

Одземени возила од полицијата - причина за блокада на обиколницата над Битола
-

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана
-

На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот, загрозувајќи ги животите на полицајците
-

Во Франција десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете
-

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
-

Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро
