Директорот на полицијата открие: Знаеме кој ја уби Јелена Марјановиќ
Полициската истрага не затаи туку деноноќно се работи на расветлување на овој случај.
Како што истакна директорот на полицијата Владимир Ребиќ, деталите од истрагата за убиството на пејачката не смеат да бидат изнесени во јавност, но полицијата поседува значајни докази и ниту еден не е исклучен.
- Бараме докази кои се несоборливи. Не смееме да згрешиме и да уапсиме некој кој не е извршител на кривично дело, рече Ребиќ.
Пропусти во работата на полицијата, кога станува збор за истрагата за убиството на Јелена Марјановиќ, немало, но како што истакна Ребиќ, ниту една полиција не може да го реши овој случај веднаш, а за комплициран случај, како што е овој, потребно е време.
-Со тек на време ќе го решиме и овој случај, рече Ребиќ во утринската емисија на ТВ Пинк.
Како што истакна, полицијата речиси е сигурна дека знае кој ја убил пејачката, но многу е важно да се соберат соодветни докази.
-Лично, мислам дека знам кој ја убул, но ќе го причекаме собирањето докази, рече директорот на полицијата.
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите