Директорот на КПД Идризово отфрла каква било политичка вмешаност за случајот Бошковски
Директорот на Казнено-поправниот дом Идризово, Живко Пејковски во денешната пишана реакција до медиумите ги отфрла наводите за каква било политичка вмешаност и вршење притисок од било кого во остварување на правата и третманот на осудените лица, како и во конкретниот случај со Љубе Бошковски.
- Во врска со одредени шпекулации кои излегоа изминатите денови во одредени медиуми и интернет портали, а кои се однесуваат на барањето за предвремено отпуштање на осуденото лице Љубе Бошковски од КПД Идризово како директор ги отфрлам наводите за било каква политичка вмешаност и вршење на притисок од било кого во остварување на правата и третманот на осудените лица, како и во конкретниот случај со осуденото лице Љубе Бошковски, се вели во реакцијата на директорот на КПД Идризово, Живко Пејковски.
Би сакал да напоменам, вели Пејковски, дека поради водење на друга кривична постапка именувана како „Ровер“ во која еден од обвинетите е осуденото лице Љубе Бошковски и е закажано рочиште на 8 април 2016 година, се разгледува можноста за предвремено отпуштање на осуденото лице. - Имено, согласно член 206 од Законот за извршување на санкциите, експлицитно е наведено дека осуденото лице може да се отпушти пред истекот на казната затвор, и тоа до 90 дена за казна затвор до пет години, додава Пејковски.
Горенаведената законска одредба, како што појаснува, предвидува можност за отпуштање на осудено лице пред истекот на казната затвор и тоа не од три месеци, туку до три месеци, поради што неточни се наводите дека трите месеци му следуваат на осуденото лице Љубе Бошковски како право. - Користењето на предвидената законска можност се преиспитува за секој случај поединечно, имајќи ги во вид останатите околности за личноста и кривичната постапка која е во тек, како и можните ризиците во однос на текот од оваа постапка, додва Пејковски.
Во насока на објективно и професионално информирање на јавноста, Пејковски бара да се почитува уставното начело за објавување на реакцијата согласно член 16 од Уставот на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова на 13 мај
-
Фон дер Лајен: Ќе ја посетам Белата куќа кога ќе имаме пакет трговски договор
-
Наполи сака да го ангажира Де Брујне
-
Навики што создаваат јаз во врската
-
Русија на парадата на Црвениот плоштад ги претстави дроновите што ги употребува во војната во Украина
-
Поддршка за измените на Законот за надворешни работи, во второ читање, од матичната собраниска комисија
-
Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга
-
Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење