Директорот на ЕСМ: Нема да дозволиме големо покачување на цената на струјата

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски соопшти дека се прават пресметките за цената на електричната енергија што компанијата ќе ја продава на ЕВН Хоум од 1 јули до 31 декември годинава. Се анализираат и можностите за намалување на трошоците на компанијата за дополнителни 15 проценти и за зголемување на производството за дополнителни 20 проценти.
-Ние ќе успееме да постигнеме значително пониски цени за да можеме на крајот да овозможиме ЕВН Хоум кај регулаторот да побара, односно да добие цена која ќе значи благо покачување на цената за граѓаните. Ние како компанија повторно, уште еднаш ќе покажеме општествена одговорност за граѓаните да не почувствуваат значително покачување на цената на електричната енергија, истакна генералниот директор на АД ЕСМ, одговарајќи на новинарско прашање по еко акција во АД ЕСМ.
Според него, управните тела на АД ЕСМ деновиве интензивно комуницираат со сите производствени капацитети на компанијата и се консултираат со Владата пред да биде испратена понудата за цената на струјата до ЕВН Хоум. Се вложуваат максимални напори да се обезбедат дополнителни количества струја и покрај некоректниот и неморалниот чин на дел од општините и малите компании да преминат на регулираниот пазар на електрична енергија кој е наменет за домаќинствата, односно граѓаните.
-Ве уверувам дека АД ЕСМ ќе биде подготвена во второто полугодие на годината да ги произведе потребните количини на електрична енергија не само за ЕВН Хоум, туку и за ЕВН Електродистрибуција, за МЕПСО, па и за дел од институциите во државата кои во овој период силно го трпат ударот на високите цени на отворениот пазар за да може да го ублажиме ударот кај некои од инистерствата, особено Министреството за труд и социјална политика во чии ингеренции се градинките или МОН за училиштата, изјави Ковачевски.
Ново на Сител
-

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран
-

Цените на нафтата дополнително растат додека Иран блокира витална поморска рута
-

Либанската армија се повлекува од своите позиции во близина на границата со Израел
-

Вкупно 473 наши државјани досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

ОЈО: Мајката и детето биле заклучени сами во станот, едно лице e задржано во полициска станицa
-

Патниот правец Ќафасан - Елбасан денеска повторно отворен за сообраќај за сите видови возила
-

Кина повика на зачувување на безбедноста во Ормускиот теснец
-

Денеска средба Трамп-Мерц во Вашингтон
