Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
Специјализанти дежураат на Детска оти нема кадар што е проблем веќе 15 години а смртноста на клиниката била многу поголема пред речиси една деценија. Наместо конкретни одговори што ќе преземе директорот по надзорите за трите деца што починаа во еден месец на клиниката, директорот се пожали дека состојбата ја наследил а ова што се случува било хајка против него од злонамерни поединци кои злоупотребувале детски судбини само да дојдат на функција.
- Тие поединци многу добро знаат дека за дезинформациите, клеветите и расистичките натписи кривично се одговара и затоа немаат смелост јавно да излезат со име и презиме и се кријат позади лажен фејсбук профил, вели Реџеп Мемеди, директор на Детска.
По смртта на 14 месечното бебе од Гошинце и 5 годишното девојче од Скопје, ДСЗИ и даде решение на Клиниката да ги надмине системските проблеми и рокот истекува денеска. Што се однесува до смртноста, Мемеди презентираше статистика дека годинава има многу помалку смртни случаи во споредба со 2015 и 2019. Но бројките покажуваат дека тогаш имало многу повеќе хоспитализации од лани и годинава.
- Сега имаме двапати помала стапка на смртност во споредба со претходните 5 години. Трипати помала смртност во споредба со пред 10 години. Тогаш во просек имало 9 умирања месечно, на секој трет ден имало по еден смртен случај и на власт била друга гарнитура.
Директорот на Детска се пожали дека затекнал многу лоша состојба на клиниката со проблеми кои биле високоризични. Кујната каде се подговтвувала храна за децата не е реновирана 20 години и не е безбедна, лифтови не работат а ако се случело пожар на високите спратови немало да може да се гасне поради нефункционална хидрофор пумпа.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар