Директорот на БЈБ на состанок на шефови на полиции во Белград
Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски Белград учествува на состанокот на шефовите на полициите и шефовите на граничните полициски служби на земјите долж западно балканската мигрантска рута - Грција, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Албанија, како и земји членки на ЕУ - Австрија, Германија, Холандија, Унгарија и Бугарија.
Главна тема на разговор на состанокот, што се одржува во Белград, е актуелната мигрантска криза, анализа на досегашните состојби, особено во контекст на реализација на претходно договорените заеднички активности, како и натамошни мерки и активности за справување неа.
Како што соопшти МВР, директорот Савовски во своето обраќање потенцираше дека е потребно едно сеопфатно европско решение за мигрантската криза со заедничко учество и активности на сите земји засегнати од истата.
- Она што е особено значајно за Република Македонија е учеството на грчката полиција како и Фронтекс во заедничкото справување со мигрантската криза, истакна директорот Горанче Савовски.
На маргините на денешниот состанок директорот Савовски оствари и билатерална средба со својот австриски колега Конрад Коглер кој ја поздрави професионалноста на македонската полиција во досегашното справување со мигрантската криза, истакнувајќи дека Австрија и во иднина ќе продолжи со поддршката на Република Македонија.
Инаку состанокот во Белград на директори на полиција и шефови на гранични служби претставува продолжение на претходните состаноци кои се одржаа во Скопје и Загреб.
Ново на Сител
-
Две лица повредени во сообраќајка во Скопје
-
Приведени три млади лица и еден малолетник - одземени марихуана и боксирач
-
Пронајден гостиварец баран по потерница
-
На депонија во село во Новаци пронајдена неексплодирана граната од Првата светска војна
-
До вторник услови за слаб дожд и снег на планините
-
Германскиот претседател ги повика граѓаните да гласаат
-
Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица
-
Утре пред Собранието законските измени за сметководителите