-->
-->
Директорот на АХВ Поповски го посети Градскиот пазар во Велес
-->

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски кој денеска беше во работна посета на Велес, се сретна со градоначалникот Славчо Чадиев и направи увид во работењето на Градскиот пазар.
На средбата со чадиев стана збор за плановите за изградба на нов затворен градски пазар. Поповски ги презентира регулативата и прописите кои мора да се исполни за објект од ваков тип.
- Сакаме да ги искористиме сознанијата од директорот за точно да знаеме на кој начин и каде треба да се сместат одредени производи, местото, локациите, потребните хигиенски услови. Едно е да се има отворен, а сосема друго затворен градски пазар, рече градоначалникот Чадиев.
Директорот Поповски ги ислуша мислењата и предлозите на пазарџиите за подобрување на работењето, но им даде и одредени сугестии и објаснувања за безбедноста на производите.
- Храната на пазарот треба да биде безбедна, мора да се следат условите во кои таа се продава и затоа ние реагираме ако забележиме одредени неправилности. Сите знаеме дека во пазарните денови од тука најмногу се купува и најмногу се консумира храната па мораме да бидеме сигурни во исправноста и безбедноста за да бидат сигурни и потрошувачите, истакна Поповски.
Според Агенцијата за храна и ветеринарство, градскиот пазар во Велес е еден од најпосетените во земјата и претставува регионален центар за продажба на земјоделски производи во Повардарието и поширокиот регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
