Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура
Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари. Тоа е единствената вистина, рече на денешната прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, во одговор на новинарско прашање.
Како што посочи, директорката на Филхармонија го прекршила правилникот на Управниот одбор во врска со настанот на Конвенцијата на жени, што се одржал на 7 мај. Костадиновска Стојчевска рече дека правилникот кој што го донел Управниот одбор на Филхармонија, не соодвествува со одлуките што директорката ги донела за давање на простор на закуп за настан на Конвенција на жени.
-Кога Комисијата од Министерството за култура беше во инспекција, не им беше презентирана документација, ниту правилникот кој што самиот управен член го изгласал и го составил и за кој вели дека го почитувале. Не им беше укажано како и кои лица се ангажирани. За тој настан, директорката и претседателката на Управен одбор имаа две спротиставени изјави. Според претседателката, никогаш не било донесено барање до Управен одбор за користење на тој простор, а директорката рече дека имало такво барање и оти таа постапила по тоа барање, додаде Костадиновска Стојчевска.
Според министерката, ова значи дека директорката дозволила ангажирање на надворешни лица да ракуваат и да се погрижат за опремата во Филхармонија.
-Од записникот кој што е направен на 19-ти јуни во Државниот инспекторат за труд се утврдило дека овие лица кои што биле некако ангажирани на настанот, не кореспондираат со утврдениот потребен персонал предвиден со член 5, став 3 од договорот и со ваквата одредба за ангажирање на персонал од страна на организаторот да ракува и управува со опрема на Установа која е во државна сопственост, овзоможува евентуално нестручно и несовесно ракување и можност за оштетување на опремата. Фактурата која требало да биде платена на 3 мај, а е платена на 15 јуни, со задоцнување не е наплатена затезна камата. Со ова се прави оштетување на државниот буџет, рече Костадиновска Стојчевска.
Таа додаде дека она што директорката го доби како заклучок во нејзино решение за разрешување е оти е разрешена заради несовесно менаџирање со националната установа, ненавремено и несовесно извршување на работните задачи во насока на заштита на јавниот интерес и јавните средства.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Кос
-
Процентот на реализација на процентот на реформи ќе биде понизок, но европските средства не се загрозени
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Голем пожар кај прилепско Бешиште, локализиран пожарот кај Визбегово - од утре забрана за движење во шуми
-
Се запали глисер кај каналот Студенчишта
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски – Кос, централна тема Планот за раст од реформската агенда
-
Филипче ја повика власта заедно да лобираат за неутрален став за македонскиот јазик и идентитет