Директорка на училиште доби кривична пријава
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Д.С. (37) поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Како што информира МВР, пријавената, како директор во општинското основно училиште „Светозар Марковиќ“ во село Старо Нагоричане, во текот на 2015 и 2016 година, по спроведена постапка по Јавен оглас за пополнување на работни места и избор на наставник во училиштето, дала изјава дека оштетениот наставник работи повеќе од две години и дека ги исполнува условите за трансформирање на работниот однос. Училишниот одбор, исто така, изгласал мислење со кое било одлучено за наставник да биде примен оштетениот кандидат.
- Пријавената не го испочитувала мислењето на Училишниот одбор и ја прекршила нејзината изјава и незаконски донела Решение со кое што го поништила спроведениот испит, потребен како услов по огласот. На кандидатка која не го положила испитот, по втор пат и овозможила да го полага и да го положи испитот. Потоа со Одлука го избрала токму тој кандидат како најуспешен. Неправилностите и незаконски овозможеното повторено тестирање биле констатирани и на Записник при извршен инспекциски надзор од Државниот просветен инспекторат на Република Македонија, кој со Решение ја поништил постапката за избор на наставник, соопшти МВР.
На пријавената, се додава во соопштението, и било наредено да ги отстрани наведените недостатоци.
- На повторениот Јавен оглас во 2016 година, на кој повторно се пријавиле истите кандидати, пријавената наместо да постапи по наредбата на Државниот просветен инспекторат на и да ја отстрани незаконитоста, повторно не ја извршила својата службена должност. Таа повторно донела Одлука со која го избрала претходно избраниот кандидат и со истата склучила Договор за вработување на определено време до 31.08.2016 година. Со тоа на оштетениот кандидат и нанела материјална штета за повеќекратен износ од 19.500 денари како месечна основна нето плата за наведеното работно место, зголемен за точно неутврден износ по основ на придонеси за минат труд и задолжитено осигурување, се потенцира во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод
-
СДСМ на граѓанска трибина во Карпош
-
Тема на денот со Драган Ѓилас, претседател на ССП и лидер на опозицијата во Србија
-
„Имаше експлозија и голема поплава“, сведочат граѓани за пукањето на водоводната цевка во Влае
-
Мега паркови и еко-мерки дел од ветувањата од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ
-
Филипче: Власта ги злоупотребува државните институции во кампања
-
Ветувања за подобра инфраструктура во скопски Чаир
-
Предизборна кампања на независните кандидати и помалите партии