Директорите на ФЗОМ се сретнаа со директорот на словенечкиот ФЗО и посетија неколку здравствени установи
Искуствата на Република Македонија и Република Словенија од реформите во здравството, обезбедувањето квалитет на услугите во јавното здравство, како и продлабочување и унапредување на соработката меѓу фондовите за здравство и здравствените институции на двете земји, се дел од темите на кои директорите на ФЗОМ, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани денеска разговараа со директорот на словенечкиот Фонд за здравствено осигурување Само Факин и неговиот тим.
На средбата, која се реализира во рамки на работната посета на Словенија, Стефаноски се осврна на практичната примена на двојазичните обрасци за итна и неопходна здравствена заштита на нашите државјани кои од различна причина се на привремен престој во Словенија. Рамадани информираше за позитивните и за негативните аспекти на главните финансиски методи на здравствениот систем.
На средбата, соопшти ФЗОМ, беше истакнато дека размената на искуства на менаџерите на фондовите, предизвиците со кои тие секојдневно се соочуваат, идеите за подобрување на здравствените услуги, се можност да се согледа какви се решенијата на одредени прашања во соседните земји, а позитивните искуства се одлична можност за понатамошно унапредување на здравствениот систем во двете држави.
Директорот на словенечкиот Фонд за здравствено осигурување, информираше за системот на здравствено осигурување во Словенија, како и за плановите и стратегиите за подобрување на здравствениот систем што ги преземаат.
Директорите Стефаноски и Рамадани го посетија и Универзитетскиот Клинички Центар во Љубљана, каде се сретнаа со д-р Андреј Барчич, директор на Центарот. На средбата, информираат од ФЗОМ, се разговараше за можноста поголем број македонски лекари да се едуцираат и усовршуваат во овој центар.
Исто така, Стефаноски и Рамадани го посетија и Институтот за рехабилитација „Соча“ каде на средба со Роберт Цугељ, директор на Институтот, беа разгледани модалитетите за продлабочување на соработката, особено во делот на размена на искуства и кадар.
Соработката во сферата на едукација на лекари и медицински персонал, специјализација и суб-специјализација на македонските лекари во Словенија, се реализира во Клиничкиот Центар во Љубљана. Оваа соработка почна во октомври 2014 година. Едукациите се реализираат секој месец во групи од 25 – 30 лица. Во периодот од октомври до декември 2014 година се реализираа едукации за 42 здравствени работници. Соработката продолжи и во текот на годинава и досега се испратени 122 здравствени работници. До крајот на годината е предвидена едукација за уште две групи од по 30-тина доктори, соопштија од ФЗОМ.
Во делот на образување и усовршување, како што се наведува, договорени се и специјализации од областа на анестезија, реанимација и интензивно лекување, специјализација од областа на трауматологија и специјализација од областа на ортопедија.
Соработката со Сплошна Болница - Ново Место, стои во соопштението, почна на крајот од ноември 2013 година и до крајот на таа година беа реализирани 26 едукации, додека пак, во текот на 2014 година беа реализирани 42 едукации. Соработката продолжи и во текот на годинава и досега се реализирани 77 едукации, а планот за до крајот на годината е да се образуваат уште три групи од по 15 доктори. Во Словенија е реализирана 31 едукација и тоа во Клиничкиот центар и Онколошкиот институт во Љубљана, како и во Клиниката Голник.
На средбите беше договорено соработката да продолжи и понатаму со размена на информации и искуства кои ќе придонесат за понатамошно унапредување на здравствениот систем, се вели во соопштението од ФЗОМ.
Ново на Сител
-
Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
-
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на беспилотни летала
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје
-
Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција
-
Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии