Дипломи и плакети за најдобрите во противпожарен квиз во Гази Баба
Општинскиот противпожарен квиз за учениците од основните и средните училишта од општина Гази Баба се одржа во основното училиште „Крум Тошев“ во Трубарево. Организатор е Општинскиот противпожарен сојуз Гази Баба, под покровителство на општина Гази Баба.
Натпреварите се одвиваа во две категории, кадети – за учениците до седмо одделение од основните училишта и јуниори – за учениците од осмо одделение и учениците од средните училишта. Првопласираните во категорија кадети, ОУ „Григор Прличев“ од населбата Железара, учествуваа на Републичкиот натпревар каде го освоија првото место.
Градоначалникот Тони Трајковски ги прими членовите на екипите од овие училишта и наградените ученици на градскиот натпревар за најубави ликовни и литературни творби, на кои им додели дипломи и плакети.
За поддршката и успешната соработка на општина Гази Баба, претседателот на Противпожарниот сојуз Гази Баба Миливоје Игњатовиќ на градоначалникот му подари подарок во знак на благодарност.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Повозрасните кочанчани погодени од трагедијата утеха бараат во алкохолот, неместо кај психолог
-
Избор на нов министер за здравство во Собранието
-
Две нови мерки за вработување
-
Лицата со телесен инвалидитет со порака да бидат видени
-
Преглед на вестите од светот
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен