Дипломатскиот кор дел од акцијата „Ден на дрвото“
Во рамки на акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, денеска дрвца ќе сади дипломатскиот кор во Република Македонија. Садниците ќе бидат посадени во паркот Македонија во Скопје, а ќе присуствува и градоначаникот на Град Скопје Коце Трајановски
Осумнаесетта акција „Ден на дрвото“, која традиционално се одржува девет години, беше организирана на 30 ноември 2016 година.
Акцијата се одржа под мотото „Засади екоиднина!“ и „Засади градска екоиднина!“.
За потребите на Акцијата ЈП „Македонски шуми“ обезбеди 2.615.843 шумски и декоративни садници од разни видови. Пошумувањето се одвива на целата територија на Република Македонија на утврдени локации на површина од 503,89 хектари.
Акцентот на засадување годинава е во урбаните средини: на парковските површини, покрај булеварите, слободни површини, блоковско засадување, во дворовите на здравствените домови и болниците, училиштата (основни и средни) и во урбаните делови на општините.
Во Град Скопје се засадуваат 1.000.568 садници.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка