Дипломатски извори: Столтенберг ќе предложи фонд за Украина од 100 милијарди евра

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе предложи создавање фонд од 100 милијарди евра за пет години за помош на Украина во војната против Русија, објавија синоќа дипломатски извори.
За ова ќе разговараат 32-те земји од НАТО денеска на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел, велат истите извори.
-Министрите „ќе разговараат за најдобриот начин да се организира поддршката на НАТО за Украина за да биде посилна, попредвидлива и поодржлива“, изјави неименуван претставник на Алијансата, пренесува новинска агенција МИА.
На состанокот не се очекува одлука, но „разговорите за тоа ќе продолжат пред самитот на НАТО во Вашингтон во јули“, додаде функционерот.
За финансирањето на тој фонд се уште се разговара, но идејата е секоја од земјите-членки на Алијансата да придонесе според својот бруто домашен производ (БДП).
-Сè што придонесува за динамиката на поддршката за Украина оди во вистинска насока, рече неименуван дипломат на НАТО, истакнувајќи дека идејата сè уште покренува многу прашања меѓу сојузниците, особено во однос на финансирањето.
Министрите, кои в четврток ќе ја прослават 75-годишнината од Атлантскиот сојуз, сакаат да разговараат и за начините за зајакнување на посветеноста на организацијата кон Украина, велат дипломатите.
За новиот генерален секретар ќе разговараат и министрите за надворешни работи на земјите од НАТО, бидејќи мандатот на Столтенберг истекува годинава.
Холандскиот премиер, Марк Руте, кој официјално е кандидат, има поддршка од 90 отсто од земјите на Алијансата, додаваат дипломатските анкети.
Друг кандидат за замена на Столтенберг е романскиот претседател, Клаус Јоханис.
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
