Дипломатската служба на ЕУ ќе потроши 2,9 милиони евра на луксуз
Европската надворешно-политичка служба - дипломатијата на Европска унија планира приеми во императорски стил поради што нарача луксузни сервиси од порцелан, сребро и кристал во вредност од 2,9 милиони евра, објави британскиот весник „Телеграф“.
Весникот наведува дека со сервисите ќе може да се послужат 3.360 гости во централата на Европската надворешнополитичка служба во Брисел и во 140 нејзини претставништва во светот.
На секоја од чиниите, чашите и приборите ќе има златна гравура со знамето на ЕУ.
Службата е формирана со Договорот од Лисабон во 2009 година, а со неа раководи Федерика Могерини. Службата има персонал од 3.400 луѓе, десетици воени и цивилни мисии во целиот свет и буџет од 793 милиони евра. Службата беше во центарот на преговорите за иранската нуклеарна програма. Сега се подготвува за воена операција против илегалната трговија со луѓе во Либија.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска