Дипломатска војна меѓу Германија и Турција поради сатирична песна против Ердоган
Берлин и Анкара влегоа во дипломатски конфликт, откако германскиот амабсадор во Турција, Мартин Ердман бил повикан во турското Министерство за надворешни работи каде што му била врачена протестна нота.
Турција протестираше поради песна во која се бие шега со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, емитувана на германскта државна телевизија АРД.
Официјална Анкара побарата од амбасадорот Ердман да биде запрено емитувањата на песната, која според анкарските власти претставува навреда на турските институции и државата Турција.
Во песната на германски јазик, што се уште може да се најде на веб страницата на телевизијата АРД и на социјалните медиуми, индиректно се критикуваат случаите на апсење новинари, поради наводни политички разлики, несоодветниот начин на спречување на протести и методите со кои Турција се справува со курдските бунтовници, кои според авторите на композиицјата, се полоши и од начинот на кој земјата се бори со Исламската држава (ИД).
Во видео спотот за песната е прикажан претседателот Ердоган како паѓа од коњ.
Претседателот на германската Федерација на новинари. Франк Оберал во врска со реакциите од Турција изјави дека „Ердоган очигледно ја загубил контролата“ и додава дека „прогонот на новинари е горчлива реалност во Турција“.
Турција е главен партнер на Германија и ЕУ во обидот да се запре бегалската криза, за што официјална Анкара ќе добие шест милијарди евра финансиска помош, олеснување на визниот режим за влез на турски граѓани во ЕУ и забрзување на преговорите за влез во Унијата.
Ново на Сител
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија
-
Им подавам рака на младите, Македонија има потреба од нивниот ум за да стане подобра држава, порача Мицкоски
-
Литванскиот претседател со критики за германскиот канцелар за неактивност кон Русија
-
Американски медиуми: Припадници на гардата почнаа да пристигнуваат во Лос Анџелес
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи