-->
-->
Динамо Дрезден ја уништува европската фудбалска надеж?!
-->
СПОРТДали Динамо Дрезден ќе го уништи враќањето на Бундеслигата?Објавено пред 2 часа - 10 мај, 2020Од TopSport.mk
Откако имаа два позитивни теста на корона вирусот, германскиот второлигаш Динамо Дрезен објави дека целиот тим оди на 14-дневен карантин, фрлајќи сомнеж околу враќањето на Бундеслигата најавено за следниот викенд.
Двете први лиги во Германија треба да стартуваат на 16 мај со мечеви без публика и со низа на сериозни мерки за безбедноста на фудбалерите, но од Динамо Дрезден, клуб кој е на последното место на табелата, објавија дека нема да можат да го играат својот меч против Хановер.
„Во петокот, на 8 мај, третата серија на тестирања за КОВИД-19 покажа дека има два нови случаи во Динамо Дрезден. Фудбалерите беа без симптоми во последните денови, но анализата на ситуацијата посочува дека е потребна 14-дневна изолација на целиот тим, вклучувајќи ги тренерите и придружниот персонал“, се вели во соопштението на Дрезден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава