-->
-->
Димовски: Владата во заминување да не го злоупотребува Парламентот
-->
– Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека до крајот на декември Собранието треба да донесе повеќе измени на закони од економската и финансиската сфера, а кои ќе се применуваат од почетокот на 2020 година за кои стопанствениците нема да имаат време да се информираат со новите закони.
До Собранието, како што кажа, во последните три дена пристигнале 41 предлог- закон, од кои во најголем дел по скратена постапка, а на 123. седница закажана за среда на дневен ред има 79 различни закони, од кои најголем дел се од економската и финансиската свера.
Димовски укажа дека сите овие закони треба да бидат разгледани од пратениците, а ќе бидат носени без можност за темелна анализа, јавна расправа или надзорна расправа. Според него, има и избрзани и неквалитетнио закони кои потоа самата Влада или парламентарното мнзоинство ги враќа во процедура и ги менува.
– Апелираме до сите релеватни субјекти во Собранието, пред се до парламентарното мнозинство во следните дваесетина дена да не го злоупотребува овој период од двваесетина работни дена од истекот на мандатот на оваа Влада во заминување, да не ја силува работата на Собранието и да дозволи сите постапки и процедури да се одвиваат во еден нормален тек, рече Димовски, кој обвини дека ова што го прави СДСМ е со една цел да купува гласови пред изборите на 12 април.
Во Собранието, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, влезени во процедура се 425 закони, од кои 232 се по скратена постапка. Потсети дека токму сега владејачката партија ја критикуваше претходниот парламентарен состав дека голем дел од законите се носат по скратена постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило
-
Турчин пронајден мртов во хотел на Бит Пазар
-
Неготинец тешко повреден при пад од мопед
-
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-
Трамп: Путин и Зеленски ќе организираат состанок за прекин на огнот во Украина
-
Орбан: Светот е побезбедно место по самитот Трамп-Путин
-
Приведен кумановец, возел со 3,43 промили алкохол во крвта
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи