Димковски: Ефикасно искористување на европските фондови во агросекторот
Ефикасно се искористуваат европските фондови во агросекторот, рече денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски при посетата на винарницата ,,Мовино”, во која капацитетот е зголемен од четири на пет милиони литри вино, благодарение на поддршката од ИПАРД програмата, но и од националниот буџет.
Станува збор за модернизација и осовременување на целиот технолошки процес. Вкупната кофинансирана сума е 35 милиони денари. Од тоа, вратени им се 16.8 милиони денари, кои компанијата ќе ги реинвестира и ќе го подобри процесот на производство. Овде се откупуваат некаде околу осум милиони килограми винско грозје.
-Увидовме дека извозот на вино нема проблем, виното се извезува во Германија. На првиот повик од ИПАРД 2, склучени се 947 договори, од кои 874 апликанти доставиле барања за поврат на 14.1 милиони евра. На 597 апликанти им се исплатени 7.7 милиони евра, информираше министерот.
Ова, нагласи е ефикасно искористување на европските фондови, а се очекува агросекторот да биде подготвен за пристапот кон ЕУ. Се обезбедува, додаде, одржлив развој на руралната економија и отварање на можности за нови вработувања.
Според Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, оваа инвестиција покажува дека и компаниите и државата навистина знаат како да се искористат европските фондови за модернизација и осовременување на процесот на производство.
На овој начин, рече Бабовски, преку ИПАРД се јакнат и осовременуваат капацитетите, а се отвараат и нови, за преработка на домашниот земјоделски производ и добивање на вкупна додадена вредност на тој финален производ, кој се пласира на домашниот и странскиот пазар. Нагласи дека преку ИПАРД 2 програмата се реализирани голем број на проекти.
-Во моментов во Агенцијата тече и обработката на апликациите од вториот и третиот повик од ИПАРД 2 програмата. Во мерка 1, инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства, се очекува да се склучат 800 договори до крајот на годината, со тоа да се искористат сите средства предвидени во овој повик. Во мерка 3, инвестиции во материјални стедства за преработка на земјоделски производи, веќе има склучено 30 договори. Следува период на нови договори. Веќе имаме склучено договори во вредност од 3.2 милиони евра. Во цел период на имплементација на ИПАРД 2 програмата, во сите три повици, веќе имаме 26 милиони евра. Тоа е една завидна цифра пари ставени на располагање на агросекторот, соопшти Бабовски.
Целта е во наредниот период до крајот на годината да има поврат од 8.7 милиони евра пари за веќе реализирани проекти. Другите, како ќе завршуваат, ќе поднесуваат барање за исплата и ќе им бидат вратени средства. Најголем дел од компаниите овие средства ги реинвестираат.
Благодарност и задоволство од помошта и проектот кој дава подобар квалитет на виното кое се извезува на европските пазари, изрази Соња Перковска, претставник од винаријата. Изрази надеж и за друг проект во иднина, да се довршат плановите. Се со цел конкурентност на светските пазари.
Ново на Сител
-
Десетици илјади евакуирани на Филипините поради приближувањето на ураганот „Феншен“
-
До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 кои издржуваат казна затвор или притвор
-
Приведен 22-годишник, со телефон фотографирал девојка додека се туширала во студентски дом
-
Приведени три лица од Прилеп за извршување на тешка кражба на накит | ФОТО
-
Тешка сообраќајна несреќа кај кратовско, едно лице го загубило животот, а две се повредени
-
Приведено едно лице по другото се трага, при претрес на нивниот дом најдена е дрога | ВИДЕО
-
Скопјанец возел со 106 км/ч на место каде е дозволено 50
-
УХМР: До вторник стабилно време, во среда локален дожд, од четврток температурите во пораст