Димитровиќ од Еибар е првиот голман кој постигнал гол во Ла Лига во последните десет години
Србинот Марко Димитровиќ од Еибар се запиша во листата на стрелците на синоќешниот натпревар со Атлетико Мадрид. Тој успеа да го реализира пеналот во 12.минута и стана првиот голман со погодок на првенствен натпревар во Ла Лига во последните 10 години.
Претходно тоа го стори Даниел Аранзубија од Депортиво во 2011 година.
Исто така, ова е првпат од 2002 година голман на даде гол од пенал во највисоката шпанска лига. Пред Димитровиќ, Начо Гонзалес, тогашниот голман на Лас Палмас реализира удар од белата точка.
Вкупно, во историјата на Ла Лига, само шест голмани успеале да го погодат противничкиот гол пред овој натпревар.
За Дмитровиќ, овој погодок беше прв во неговата кариера на официјални натпревари, но недоволен Еибар да избегне пораз (1:2) од Атлетико.
Ново на Сител
-

Америка го суспендира издавањето на иселенички визи за 75 земји, на списокот и нашата земја
-

Апел за помош - Исчезнат е Златко Максимовски
-

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
